Ти се радувам што си тука!
СТОП! Не го барај повеќе решението, бидејќи решението те најде тебе.
Оваа обука НЕМА да биде уште еден обид во твојот живот, туку ќе биде твојата магија, магија за која ќе им раскажуваш на другите.
Тука ќе најдеш се на едно место, а најважно ќе се најдеш себе во секој поглед, заедно дел по дел ќе ја откриваме твојата приказна и ќе ги ослободиме сите трауми.
“Кога ти се чини дека целиот свет ти се распаѓа, тоа е знак дека сега е време да создадеш и откриеш цел нов свет.”
👉 Достапност – 90 дена
👉 Начин на работа – 8 недели, 8 посебни лекции во комбинација од видео и аудио
👉 Комбинирани и специјално селектирани ЕФТ третмани, медитации, посебни вежби и визуелизации
👉 8 консултации со мене преку емаил на крај од секоја недела
👉 Заедничка група за поддршка, прашања и размена, 3 групни состаноци во живо
👉 Диплома за завршена обука
👉 Обуката е целосно индивидуална и консултациите се индивидуални, директно со мене
-
1 Недела
Запознај се со себе
Колку пати си кажуваш себе дека се сакаш?
Колку пати си упатуваш комплименти?
Колку често ти се случува да се критикуваш?
Дали се ставаш себе на прво место?
Дали навистина си свесна за своите вредности и го вреднуваш тоа?
Колку често те уверувале дека човек не се менува?
Колку веруваш во себе?
На овие и многу други прашања овде ќе им најдеш одговор, бидејќи ти си многу повеќе од своите уверувања
– Практична вежба со ЕФТ третман и огледало, за себеприфаќање и давање љубов кон себе
– Посебен прашалник за напредок во текот на овие 7 дена пред и потоа секој ден
– Консултација со мене преку емаил на крајот од првата недела за следење напредок
-
2 Недела
Откриј каква траума носиш
Понекогаш чувствуваш анскиозност?
Можеби се соочуваш со страв и негативни мисли?
Или хипохондрија те измачува?
Некогаш се чувствуваш изгубено не знаеш зошто?
Некогаш како да се однесуваш по некој шаблон иако не сакаш?
Имаш навики кои сакаш да ги прекинеш?
Се обидуваш да смениш некои работи, но безуспешно?
Време е за спас, доста се вртиш во круг. Сите твои промени на физичко и емотивно ниво имаат свој корен и сега е време да те ослободиме. Причината која свесно не ја гледаш, не е ни таму. Затоа, сега ќе ја оттргнеме од таму каде што е – од потсвеста.
– Практична и конкретна аудио визуелизација со ЕФТ точка (тимус точка) прикажана на слика за потсвесно ослободување од траумите
– Три водечки прашања кои ќе ти откријат каква траума носиш
– Консултација со мене директно преку емаил по изминување на овие 7 дена
-
3 Недела
Враќање на себе
Колку пати си се осетила анксиозно?
Си осетила страв или немоќ?
Мислиш дека нема решение?
Или се прашуваш каде е решението?
Можеби и ти е тешко да поверуваш дека има решение?
Пробуваш многу работи свесно, но не оди?
Што ако сега најде решение?
– Траумата која е потисната создава и потиснати емоции, таа иако не ја гледаш живее во тебе и носи свои последици на површина односно анксиозност, страв, немир, депресија, панични напади, хипохондрија, негативни мисли, емоционално јадење и многу други. И сите овие последици ти ги решаваш, но додека не се реши траумата тие ќе се појавуваат одново и одново.
– ЕФТ третман со конкретни и наменски точки за ослободување од траумата
– Консултација директно со мене преку емаил по изминување на овие 7 денови од третата недела
-
4 Недела
Прекини го кругот на пренесување на траумата
Мајка си и се грижиш дека ќе им ги пренесеш твоите стравови и на твоите деца?
Или сакаш да станеш мајка па понекогаш те загрижува истото?
Сакаш да ја прекинеш семејната траума или уверување?
Веќе не сакаш да се чувствуваш немоќно?
Знаеш дека имаш одговорност?
Од тебе зависи?
Имаш можност да ставиш крај?
Сега тука е крајот.
– Конкретни ЕФТ точки и тапфирмации за прекинување на кругот на семејната траума или уверување
– Практична примена преку видео вежба
– Консултација со мене по изминување на овие 7 денови од 4та недела
-
5 Недела
Не си сама
Тешко ти е да бараш помош понекогаш?
Не знаеш како да му се обратиш на партнерот за да те разбере?
Или те разбира, но не секогаш ти го дава тоа што ти е потребно?
Сакаш да можеш емотивно да се објасниш?
Потребно ти е да бидеш сфатена?
Често има недоразбирања?
Сакаш да најдете компромис?
Среќна сум што можам да ти кажам дека сега си на вистинското место.
– Конкретна вежба и практична примена за комуникациски вештини и начин на разговор
– Научи да ги трансформираш во збор твоите емоции
– Консултација директно со мене преку емаил по завршување на 7те денови од 5та недела
-
6 Недела
Засакај го своето тело
Твоето тело поминало низ многу промени?
Можеби пораѓај?
Бременост во тек?
Промена на килограми?
Емоционално јадење или стрес?
Незадоволство кога се гледаш во огледало?
Уште ова да намалам или да додадам е честа мисла?
Но твоето тело е многу повеќе од килограми, сега конечно ќе се погледнеш себе како жена, мајка, кралица и време е за тоа.
– Целосен ЕФТ третман за да се конектираш со твоето тело и да го засакаш ка вистински начин
– Точка по точка до трансформација
– Консултација директно со мене преку емаил по 7 денови од 6та недела
-
7 Недела
Во ред е да се одмориш од се
Имаш многу обврски?
Постојано се трудиш да поставиш баланс?
Живееш брзо и стресно?
Чувствуваш вина понекогаш?
Како да ти фалат саати во денот?
Само брзаш?
Некогаш или често си преморена?
СТОП! Ајде да одмориме заедно, ти тоа го заслужуваш.
– Аудио медитација за да си го дадеш одморот кој ти е потребен
– Време за тебе
– Консултација директно со мене по изминување на овие 7 дена од 7ма недела
-
8 Недела
Пружање заштита на своето дете
Се грижиш за своето дете?
Сакаш да биде секогаш заштитено?
Често тоа ти создава немир?
Потребно ти е нешто да те смири и опушти?
Сакаш да ја употребиш твојата мајчинска сила?
Подготвена си да дознаеш колку голема улога имаш?
Твојата интуиција никогаш не те лаже?
Оваа вежба може да ја работат и жени кои немаат деца, со промена на афирмациите за пружање заштита на себе.
– Конкретна ЕФТ точка и афиримации за пружање заштита преку аудио
– Консултација последна директна со мене за ревизија на целото искуство