Секој ден го слушам ова прашање од моите клиенти или оние кои ме следат. Очајничко трагање по одговор, одговор кој ќе биде доволно убедлив, а сепак подложен на сомнеж. Особено во оние моменти кога знае анксиозноста да биде баш на висока фрекфенција, тогаш имаме најсилна потреба за сочувство, некој да ни гарантира дека поминува…поминува се.
Зошто бараме одговор?
Замислете си вака, умот е како компјутер полн со податоци и постојано прави некои барања, некои анализи или истражувања. Но, ниеден компјутер не го прави тоа сам, туку добива
инструкции. Куцкате нешто и потоа почнува да ви нуди одговори,секакви. Што ако истото тоа ви го прави и умот, вие му давате инструкции потоа тој ви нуди одговори и пожелни и од оние непожелните. Е сега тука е трикот, како да поставите прашање и како да ги читате одговорите. Но, зошто воопшто поставувате прашање дали анксиозноста има крај доколку појдовната точка е сомнежот дека нема? Затоа што всушност тоа е ВЕРБАТА. Таа е од другата страна на сомнежот, вербата која сепак ви вели дека има крај. Таму е вашата работа.
Дали верувате?
И сега не помислувајте на онаа верба која е поврзана со тоа колку одите во црква или се молите, или онаа верба која ја преиспитувате. Помислете на вербата внатре во вас, таа е онаа верба која на момент ве тера да го прескокнете сомнежот. Онаа верба која всушност и ве тера да поставувате прашања во чиј одговор се сомневате. Таа е она чувство внатре во вас на кое секогаш се навраќате, но можеби не го храните со ист жар. Да, сомнежот или стравот го храните секојдневно, затоа е поголем, затоа расте. А што правите со вербата? Неа ја повикувате кога баш ќе згусне.
Како да ја храните вербата?
Прво и основно е да разберете дека вербата е емоција, а не однесување. Од емоцијата произлегува однесувањето, но мора да ја носите во вас. Во оној дел од вас каде што всушност
лежат сите одговори на вашите прашања. За да можете да го спознаете емотивното постоење на вербата која ве поврзува со универзумот, вие всушност треба да работите на пронаоѓање, градење и негување на вашата емоционална интелигенција. Таа е патот кој ве води внатре кон вас.
Што значи да бидете емоционално интелигентни?
Емоционалната интелигенција е оној дел во вас кој ве учи да ги разбирате своите емоции во целост, ве учи да се однесувате соодветно на тоа што го чувствувате и ви дозволува да го
запознаете целиот спектар на емоции. Притоа, ви ја дава храброста и силата да поставувате здрави граници со кои несебично се ставате себе на прво место и истовремено ве воздигнува на едно ниво на кое можете да ги препознавате и туѓите емоции и добивате селективна моќ, односно наместо да живеете преземајќи ги туѓите емоции, живеете само со своите. И доаѓаме до нашето главно прашање…дали анксиозноста е емоција? Анксиозноста е збир на емоции, но неминовно потекнува од тоа внатре, од емоционалната интелигенција. Вие не можете да изберете кога ќе излезе на површина се она што е заробено, како што не можете да го спречите тоа и добрата вест е и што не морате. Тоа што е за надвор значи бара излез, а се што бара излез значи заминува. Вашиот главен фокус треба да биде на тоа како да го одржувате тој баланс во вас кој ве врти во кругот на мислите. Тоа е оној момент кога разбирате дека не постои инстант решение, а најмалку па решение надвор од вас. Тоа е оној момент кога желно ја преземате одговорноста на вашето магично овоземско патување во ваши раце и станувате патници, а не само обични минувачи. Моментот кога откривате дека анксиозноста бара излез, сака да се ослободи, а вие несвесно се држите и водите борба. Борба со неа,борба со себе…
Затоа да…дозволете си да доживеете темелна реконструкција. Решението не треба да биде брзо, треба да биде трајно. Ако јас можев, верувам дека можеш и ти.